Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и ОВР Свети Николе синоќа во 20:30 часот во атарот на село Стањевци, светиниколско, пронашле 57 лица мигранти од Сирија, Пакистан и Конго, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што наведуваат од МВР, лицата се пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка.