Патниот правец пред кумановското село Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако товарно возило камион се излизгало на коловозот, најверојатно како последица на снежните услови на патот.
На фотографијата од местото на настанот се забележува камионот кој е попречен преку целиот коловоз, поради што сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин.
Засега нема официјални информации од надлежните служби за точните причини за несреќата, ниту пак дали при излизгувањето има повредени лица.
