Нашите иселеници во дијаспората добија уште неколку часови да се пријават за гласање од дијаспората. По реакцијата од Обединетата македонска дијаспора дека не може да се пријави за гласање, Државна изброна комисија го продолжи рокот уште неколку часа.

Бројката на иселеници за гласање од дијаспората е под очекувањата и таа изнесува 1547 лица. Дел од иселениците се во заблуда како може да се пријават. Процесот е едноставен и оди електронски преку страницата на Државна изборна комисија. Може да се пријавите ТУКА.

На стрницата и Државната изборна комисија се огласија како може да се пријавите.

Почитувани, пријавата за регистрација на гласачи за гласање во дијаспора може да ја пополнете тука. Апликацијата е адаптирана за пристап и од мобилен телефон. Напомена: Во овој момент базата на податоци со граѓаните во избирачкиот список е со состојба од 14.02.2024та година, велат од ДИК.

Патем, вечерва заврува и рокот за проверка на електронскиот список. Досега 22.122 граѓани го провериле списокот, а само десетина побарале негова измена.