Како што велат за Фокус високи партиски извори, тој посочил дека останува за да не дозволи дестабилизација на парламентарното мнозинство и владата, во пресрет на сериозните предизвици со кои се соочува државата, пред се на надворешно-политички план.
Според нив, Заев истакнал дека многу влијателни меѓународни водачи го контактирале за да го уверат да не се повлекува, вклучително и долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Тие, според висок функционер на СДСМ, го уверувале партискиот лидер и премиер дека постојат големи шанси земјата во декември конечно да почне преговори со ЕУ, иако експертите, опозицијата па и дел од власта се спектични за таков исход.
Без оглед на епилогот, Заев планира повлекување од премиерската функција на крајот на оваа или на почетокот на следната година, додека, истакнуваат од СДСМ, на следниот Централен одбор треба да се распише постапка за избор на нов претседател.
Инаку според наши извори оваа вест не е ниту малку точна, поради тоа што Меркел веќе одреден период е далеку од политиката и е во пензија.
Освен тоа таа има и здравствени проблеми, што е доказ дека СДСМ уште еднаш се фати во лага само да го оправда Заев кој излажа дека ќе си даде оставка.