На македонската политичка сцена, се чини дека, конците ги влече долгогодишниот и до сега единствен лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. По најновиот тек на настаните, од после локалните избори, каде што на Социјалдемократскиот сојуз на чело со Зоран Заев му се случи историски пораз и дебакл, премиерот кој најави оставка и од влада и од лидерската позиција во партија, никаде го нема, наспроти Али Ахмети, кој за разлика од порано сега е многу по застапен во медиумите.

По најавите на Заев за поднесување оставки, Ахмети остро се спротивстави, тврдејќи дека тие не ја прифаќаат неговата оставка, дека таа е избрзана и е донесена бес консултации со нив како коалициони партнери. Тој исто така, во една прилика истакна дека тие со Заев имаат договори, како што е и 100 дена пред завршување на неговиот мандат Македонија ад има премиер Албанец.

Ахмети истакна дека, договорите не се направени за да се укинат според моментални желби и емотивната состојба на премиерот.

-Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме нај одржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив, туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневно-политичка, отколку суштинска, изјави Ахмети пред неколку дена за Слободен печат.

По се изгледа дека Ахмети не го дава Заев, затоа што се плаши можеби, дека нема да може да го реализира договорот кој тој, само усно, го склучил со сега веќе премиерот во заминување, Заев и кое прашање беше круцијално за ДУИ за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори од минатата 2020 година, а тоа е премиер на државата Албанец. Целата кампања на ДУИ беше насочена кон тоа дека е време Македонија да има премиер Албанец, која го промовираше сегашниот Народен правобранител, Насер Зибери со цел да ги мобилизира гласачите и на свое конто да собере што е можно повеќе гласови.

Тоа и се случи. ДУИ освои најмногу гласови во албанскиот блок, но тоа не беше доволно за да избере и премиер Албанец, при што при формирањето на владата со Зоран Заев се договориле Македонија да има премиер Албанец 100 дена пред идните парламентарни избори.

Но, оставката на Заев ги комплицира плановите на Ахмети, затоа што не е јасно дали неговиот наследник ќе ги почитува усните договори кои што Заев ги склучил со албанските партии со цел само да формира Влада.

И затоа, сега се поставува прашањето, дали е во потрага и каков лидер на СДСМ ќе му избере Али Ахмети, затоа што се чини дека тој одлучува како ќе се одвиваат работите во СДСМ. Секако дека тој е заинтересиран на чело на СДСМ да дојде некој друг послушник исто како претседателот во оставка, Зоран Заев и дали токму тоа е причината за одолговлекувањето на оставката на Заев и консултациите кои што траат со денови?

Инаку Ахмети, меѓу другото е дециден и вели дека договорите не се направени за да се укинат според моментални желби.
Оставката на Заев следеше после дебаклот кој што го доживеа неговата партија во првиот и вториот круг од локалните избори, на кои што СДСМ освои само 16 помали општини и помалку гласови на советничките листи на целата територија на Република Македонија, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која од опозиција издвои одлична победа освојувајќи 42 општини и градот Скопје и на листата на советници победи со на 55 илјади гласа разлика.