Потпретседателката на САД, Камала Харис, ги истакна проблемите со човековите права пред лидерите на Виетнам за време на посетата која има за цел да ги зајакне стратешките врски со оваа земја.
Харис изјави дека во Ханој разговарала за ослободувањето на политичките дисиденти но не откри какви резултати постигнала. Единствено рече дека „САД мора да продолжат да критикуваат за состојбите со човековите права кога тоа е неопходно“.
Виетнам е мета на глобални критики поради ограничувањата на слободата на говорот и слободата на печатот, како и поради притисоците кој оние кои ги смета за политички дисиденти.
„Нема да се тргаме од тешки разговори“ рече Харис.
Харис не одговори директно на новинарско прашање зошто САД ја критикува Кина за човековите права додека во исто време цели на градење посилни врски со Виетнам.
„Често со луѓето со кои имате партнерство треба да се водат и тешки разговори. А ние имаме партнерство со Виетнам“ рече Харис.
Нејзината посета на Виетнам беше дел од еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија каде исто така се сретна и со претставници на Сингапур во обид да го намали влијанието на Кина во регионот.
Харис рече САД постигнале повеќе договори со Сингапур и Виетнам вклучително и за соработка во кибернетската одбрана. Таа исто така истакна дека САД дистрибуирале милион дози вакцина за Ковид-19 во Виетнам во четвртокот, а претходно биле дистрибуирани 5 милиони дози.