Гаранцијата, се состои од имот во вредност од 1,7 милиони евра и готовина од 200.000 долари, информира Фокус повикувајќи се на извори од обвинителството.
-Предлог гаранцијата се состои од недвижен имот во противвредност од 1.718.701 евра и готови парични средства во износ од 200.000 американски долари, изјавиле од Обвинителството за „Фокус“.
Како што дознаваме од адвокатскиот тим на бизнисменот, имотот е на име на блиска роднина на Камчев, откако претходно понудиле имот кој е во соспственост на мајката на бизнисменот, Ратка Куновска Камчева, но обвинителството дало негативно мислење бидејќи и неговата мајка е обвинета во случајот „Плацевите на Водно“.