Канада денеска им порача на своите граѓани да ги избегнуваат сите патувања во Украина, наведувајќи ги „постојаните руски закани и ризикот од вооружен конфликт”.
„Ако сте во Украина, треба да заминете додека се достапни комерцијални начини”, се додава во советодавниот документ на канадската влада.
Канада, која има трета по големина украинска популација во светот, по Украина и Русија, во неделата објави дека привремено ќе ги повлече неприоритетниот персонал и членовите на семејствата на вработените од својата амбасада во Киев.
Отава, исто така, вети дека ќе го зајакне својот тим во амбасадата со испраќање експерти за безбедност, управување со конфликти, демократски реформи и конзуларната служба и ќе и помогне на Украина да собере разузнавачки информации и да се бори против кибер напади.