Советодавната комисија за Ковид-19, која ја сочинуваат канадски здравствени експерти, објави модели според кои зголемената вакцинација нема да биде доволна за борба против Омикрон.

Наместо тоа, тие побараа нови мерки за заштита на јавното здравје со цел да се намалат контактите на луѓето за 50 проценти и да се обезбеди брзо воведување на трета доза вакцина.

„Омикрон се пренесува многу брзо, така што без итна интервенција, зафатеноста на одделенијата за интензивна нега би можела да достигне неодржливо ниво на почетокот на јануари“, се вели во анализата на канадските научници.

Онтарио, каде живее малку помалку од 40 отсто од населението на Канада, денеска пријави 2.421 нови случаи, скоро двојно повеќе од една недела порано.

Просечниот број на нови дневни случаи во Канада се зголеми за околу 75 отсто во изминатите шест недели.