На островот денеска има нови 88.376 случаи на коронавирус, речиси 10.000 повеќе од вчерашната бројка кога имаше 88.376 новозаразени.

Во Велика Британија досега се регистрирани вкупно 11.708 случаи на Омикрон, а експертите предупредуваат дека бројката веројатно ќе биде многу поголема бидејќи варијантата брзо се шири.

Британскиот премиер, Борис Џонсон претходно ги отфрли обвинувањата дека новите владини мерки против ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот ќе ја турнат земјата во ново целосно затворање.

Тој рече дека ситуацијата во Велика Британија е различна од минатата година, и покрај стравувањата од брзо ширење на новиот сој, пред сè, поради широката употреба на вакцини и тестови за коронавирус.

Џонсон нагласи дека доколку луѓето сакаат да присуствуваат на јавни настани „разумна е одлуката прво да се тестираат“.

– Не сакаме да откажуваме настани, да воведеме заклучувања и најбрзиот начин да се вратиме во нормала е да се заштитиме со уште една доза вакцина против Ковид-19, рече тој.