Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, победи на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според преброените гласови, тој освоил 4.379 гласа, наспроти 4.178 за неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 201 глас.

Јахији настапуваше како кандидат на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, додека Радичевски ја претставуваше коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според пребројаните гласови, на вториот круг биле регистрирани и 203 неважечки гласачки ливчиња.

Излезноста во вториот круг била повисока за околу 10 отсто во споредба со првиот круг, објави Плусинфо, повикувајќи се на добиените податоци за изборниот
резултат.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Ковачки ја честиташе победата.