– Никаков напредок нема да има во односите со Бугарија, премиерот Заев со изјавата дека се трга придавката бугарски пред фашистички окупатор врши „бојадисување“ на целиот случај. Партизаните во Втората светска војна се бореле против Македонците кои биле дел од бугарската војска, но овие работи се неважни. Лидерите на етничките партии во Македонија се бизнисмени. Можно е во Македонија да има и повеќе Бугари од претходната бројка, но луѓе со бугарска свест во Македонија се малку. Се шпекулира дека 120.000 луѓе имаат државјанство од Бугарија, а се од Македонија, но само мал дел од нив се чувствуваат како Бугари. На пописот нема да излезе дека имам 120.000 Бугари во Македонија. Цела ЕУ ја поддржува Бугарија, иако можеби не се согласува со Бугарија. Цел свет мисли дека Гоце Делчев е Бугарин, а 85% од бугарскиот народ не сака земјата да го одблокира процесот за Македонија да се зачлени во ЕУ – вели новинарот Виктор Канзуров во Студио 10 на ТВ24.