За киднапирањето и убиството на Вања Горчевска (14) се осомничени пет лица, а меѓу нив е и Боре Видевски, каратист од Велес, кој според македонските медиуми е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини, објавува „Информер.рс“, а пренесува Фактор.
Како што пишуваат медиуми, Видовски е приведен заедно со Велибор Манев и Влатко Кешишев.
Покрај киднапирањето, сите тројца се осомничени и за убиството на Вања Горчевска (14) и фризерот од Велес, Панче Жежевски (74), и сите тројца добија притвор до 48 часа.
Инаку, како што кажаа од обвинителството, на распитот откриле кога и каде биле убиени Вања и Панче.
– Го имаме признанието на осомничените кој за што одговара – изјави главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.
Според првите информации, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања бидејќи работата излегла од контрола.
– Тоа е нивната верзија – додаде Бубевски.
Уапсениот Видевски на своите профили на социјалните мрежи има фотографии од децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот бил карате мајстор и дека учениците и нивните родители го обожавале.