Секое дете заслужува квалитетно образование, но и можност за оплеменување со дополнителни знаења и вештини.
Тоа го налагаат современите општествени текови, а праксата покажува дека без дополнителни напори вон редовниот образовен процес, се намалуваат можностите за прогрес во трката за подобар општествен статус и создавање на успешна кариера.
Тука се поставува прашањето дали секој родител може да му го обезбеди тоа на своето дете?
Како да ги стимулираме нашите деца да бидат подобри ученици, а воедно да им дадеме можност да учат странски јазик, комуникациски вештини, да спортуваат, да посетуваат дополнителни часови по музичко, математика, маркетинг, информациски технологии итн.
Кога се сака, се е возможно. Општината може да реализира ваков проект. Мал дел од општинскиот буџет, а од големо значење за буџетот на аеродромските семејства.
Со реализација на ваков проект, најдобрите ученици од општина Аеродром, ќе можат да се стекнат со дополнителни вештини и знаења, без притоа да го оптоваруваат семејниот буџет.