Лидерот на Движењето БЕСА Билал Касами откако во Полициска станица го пријави пратеникот Кастриот Реџепи за исчезнат изјави дека со вакви методи власта може да собере и 120 пратеници.

-Додека не го видам ќе сметам дека е киднапиран, рече Касами додавајќи дека се сомнева оти изјавата на Реџепи која ја даде преку социјалната мрежа Фејсбук е дадена под присила

Касами смета дека ова не се НАТО и ЕУ вредности.

-Ова веќе не се работи за власт и опозиција, се работи за животот на луѓе. Човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи, како што обезбедува Уставот, рече Касами додавајќи дека пријавил Реџепи и неговите мајка, сопруга и син се исчезнати.