Злосторство е нападот врз болницата во Газа од страна на Израел што остави над 500 мртви, меѓу кои деца, жени и стари лица, пишува на социјалните мрежи, лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами.
Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами го осуди, како што вели, нападот на Израел врз болница во Појасот Газа израмнувајќи го тоа со геноцид и со барање за меѓународна истрага.
Го осудуваме нападот и бараме итна меѓународна истрага, бидејќи ова е чист геноцид“, пишува Касами.