Разорен земјотрес во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и Сирија. Последиците се катастрофални и бројот на жртвите веќе надмина 33.000. Помош за Турција и Сирија пристигнува од сите страни, а денеска пристигна голема материјална донација од Катар.
Имено, Катар на Турција и Сирија ќе им испрати 10.000 кабини и контејнери кои беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Тие беа користени за сместување на навивачите за време на Светското првенство, а сега ќе бидат донирани за луѓето кои ги загубија своите домови во разорниот земјотрес.
– Имајќи ги предвид итните потреби во Турција и Сирија, донесовме одлука да ги донираме нашите кабини и каравани на погодениот регион, со цел да им ја дадеме потребната поддршка на настраданите од земјотресот – соопштија катарските власти.