Најголемото канадско пристаниште Ванкувер е отсечено со поплавите, а екипите на итна помош во Британска Колумбија во вторникот објавиле дека најмалку 10 возила се однесени од автопатот.

-Се надеваме дека ќе пронајдеме живи луѓе. Но очигледно таа можност со текот на времето се намалува, поради активноста на водата од поплавите. Кога луѓето се заробени во кал, таа можност секако се намалува како минува времето, рекол Дејвид Мекензи, менаџер за потрага и спасување во округот Памбертон.

Кралската канадска коњичка полиција потврдила дека телото на жената е пронајдено на место на свлечиште во текот на потрагата претходната ноќ.

Екипите за потрага, кои работат заедно со војската, планирале да користат тешка опрема и тимови со кучиња за да ја продолжат потрагата по преживеаните.

Во понеделникот спасувачките хеликоптери на безбедно пренеле 275 луѓе, вклучувајќи 50 деца, од дел на автопат блокиран од свлечиште.

Пристаништето Ванкувер, најголемо во Канада, соопштило дека сиот железнички пристап е прекинат поради поплавите и свлечиштата на исток, што би можело да го загрози транспортот на жито и јаглен.

Сопрен и нафтоводот ТрансМаунтин, кој пренесува 300.000 барели нафта дневно.

Јужно од границата, десетина илјади домаќинства и претпријатија останале без струја во државата Вашингтон. Речиси 50.000 корисници на електрична енергија во Вашингтон и натаму се без струја откако со денови силните дождови предизвикувале свлечишта. Поплавите предизвикале затворање на главниот автопат на западниот брег север-југ во близина на канадската граница, соопштиле властите.

Властите соопштиле и дека едно лице се уште се води како исчезнато во вторникот во близина а Белингем, откако било видено во поплавените води како се држи за дрво.