Кошаркарите на Еуро Никел продолжуваат со победи во пролетните месеци, откако добрите месеци од последните кола од регуларниот дел, ги пренесоа и во Суперлигата.

Кавадарчани во својот „Јасмин“ го надиграа Гостивар со 82-72 (19-20, 19-16, 23-17, 21-19) и наметнаа кандидатура за третото место во пресрет на плеј-офот.

Најефикасни кај Еуро Никел беа Соколов со 17 и Ѓекиќ со 16 поени, додека во тимот на Гостивар се истакна дебитантот Рансом со 16 поени. Првото коло од Суперлигата продолжува в понеделник со дуелот Феникс 2010 – Пелистер, завршува в среда со скопскиот дуел меѓу ТФТ Скопје и МЗТ Скопје Аеродром.