На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, притоа прикажувајќи фалсификувана исправа – лажен медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот, информираат од скопското обвинителство и додаваат дека таа иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија ден претходно и дека не и бил издаден негативен резултат на ПЦР тестот, таа пред овластените службени лица ја прикажала медицинската потврда како вистинита.
Јавниот обвинител предложи Судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.