Според новите правила објавени од Министерството за здравство во правен документ, на оние на кои им е забрането да работат – компании, барови, ноќни клубови, кина и продавници, во случај на повреда на забраната, им следува затвор, пренесуваат агенциите.
Со тековните мерки за движење се ограничуваат културните церемонии, како што се свадби, на само 20 лица, а секој што ќе биде домаќин на поголем број лица може исто така да оди во затвор поради прекршување на правилата.
Бидејќи државата беше заклучена првпат од март 2020 година, безбедносните сили во некои случаи беа принудени да користат насилство, а неколку лица беа убиени, пишуваат тамошните медиуми.
Уганда во моментот минува во вториот бран од пандемијата на коронавирусот за кои научниците предвидуваа дека може да го достигне својот врв кон крајот на јули и почетокот на август.
Од почетокот на пандемијата регистрирани се повеќе од 83.000 случаи и над 1.900 пациенти што починале од коронавирусот.