Четириесет и седум санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 36 за непрописно паркирање, 18 прекршоци од возачи на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола. Изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР во соопштение.