Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на Град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 119 санкции, 24 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Како што соопшти МВР, изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.