На 30.10.2023 година во 21 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар“.

Како што информираат од охридската полиција, возачот на автомобилот избегал и го оставил возилото на местото на незгодата

-Екипа на Итната медицинска помош, покрај истото го пронашла сопатникот А.Д.(39) од Охрид кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи, велат од СВР Охрид.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место.