Бројот на новозаразени лица на локално ниво се зголеми за 466 во зминатите 24 часа во оваа, најнаселена држава во Австралија, а полицијата објави дека ќе ги казни прекршителите на ограничувачкте мерки „на лице место“ со парични казни до 5.000 австралиски долари (3.700 американски долари), потврди премиерката Гладис Береџиклијан.

– Мораме да разбереме дека ова е најлошата состојба во Нов Јужен Велс од почетокот на пандемијата, а исто така е и најлошата ситуација во која се најде Австралија, предупреди Береџиклијан.

Како што се влошува епидемиолошката состојба во државата Нов Јужен Велс, се помалку е веројатно дека деветнеделното заклучување ќе заврши во Сиднеј на 28 август, како што беше првично планирано.