Програмскиот совет на МРТ за утре закажа седница на која ќе се разгледува скандалот со емитувањето на детска песна на МРТ2 на албански јазик, со која се воспеваше „Голема Албанија“.
Во рамки на детска фестивалска програма емитувана на 28 март, беше прикажан настап на 13-годишно девојче кое ја изведе песната „Trojet shqiptare“. Содржината на песната и симболите (мапа на „Голема Албанија“) употребени за време на изведбата предизвикаа бурни реакции во јавноста.
Програмскиот совет треба да утврди како се случило ваква песна да помине низ програмскиот филтер на јавниот сервис, дали имало уредничка проверка и внатрешната контрола.
