Украинските преговарачи ќе се сретнат со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во САД денеска и утре, изјави претседателот Володимир Зеленски доцна синоќа, како дел од напорите за изнаоѓање решение за војната во Украина.
„Украинската делегација треба да се сретне во САД со Џаред Кушнер и Стив Виткоф. Се очекува состанокот да трае два дена“, објави Зеленски на социјалните мрежи и додаде дека „смета на учеството на европскиот тим“.
Украинскиот тим ќе го сочинуваат началникот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и уште двајца високи функционери, Сергеј Кислиција и Дејвид Арахамија.
Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, синоќа изјави дека сегашниот застој во конфликтот е „многу опасен“.
„Една или двете страни ќе го интензивираат она што го прават за да се обидат да го скршат противникот и да го прекинат застојот“, додаде Рубио.
