ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(43) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, во текот на мај 2023 година, на социјална мрежа постирал содржини со кои промовирал и поттикнувал говор на омраза.