Руските трупи украдоа значително количество жито од окупираните територии на Украина, изјави заменик министерот за земјоделство Тарас Висоцки.
Тој додаде дека е загрижен оти Москва би можела да преземе над 1,5 милиони тони жито складирано на окупираните територии.
Украина е четврти најголем извозник на житни култури во светот, а во сезоната 2020/2021 година продаде 44,7 милиони тони жито во странство. Обемот на извозот нагло опадна од почетокот на руската инвазија.
Украинското Министерство за надворешни работи пред два дена остро ги осуди „криминалните дејствија на Руската Федерација во така наречената експропријација на посевите од земјоделците регионот Керсон, јужна Украина“, без да наведе повеќе информации.
– Ограбувањето жито во Керсон, блокирањето на пратките од украинските пристаништа и минирањето на бродските патишта ја загрозуваат светската безбедност на храната. Бараме Русија да престане со нелегалната кражба на жито, да ги деблокира украинските пристаништа, да дозволи слободна пловидба и да дозволи минување на трговските бродови, се истакнува во соопштението на украинското МНР.