Јагнешко за Велигден колку да замириса, зашто цената стаса до плафон. Сточарите се бесни зашто месарниците го продавале месото од 500 до 550 денари за килограм, а од нив го купувале за околку 200 денари килограм жива мера. За потрошувачите, велат, тоа е скапо, зашто за да испечеш јагнешко и да има доволно на трпезата, мора да се купи барем два, три килограми, цена која надминува 1.600 денари, велат сточарите.
Се жалат дека не било фер други да се богатата на нивни грб, во време кога нема доволно јагниња, ниту пак сточари кои би ги чувале. И оние малку што останале размислувале да продадат се, зашто државата не прави ништо за да ги заштити.
Во споредба со лани помал е извозот на македонското јагне на европските пазари. Се извезуваше за Хрватска, Италија. Главно поради цената, зашто имаше доволно стасано јагниња поради топлата зима. За сточарите е ниска цената од околу 200 денари за килограм жива мера, за извозниците и крајните европски купувачи беше висока. Има останато за македонскиот пазар, ама не знам колку ќе се продаде зашто цената моментално во месарниците е од 500 до 550 денари за килограм. За потрошувачите е скапо, зашто за да испечеш јагнешко и да има доволно на трпезата, мора да се купи барем два, три килограми, велат сточарите.
Фармерите алармираат дека трошоците за одгледувањето јагниња биле многу високи, а од година во година трендот се намалувал се повеќе, пред се зашто немало млади сточари.
Со овие откупни цени и со зголемени трошоци е многу тешко. Во светот е најевтино македонското јагне, зашто во Албанија, Бугарија е по 6 евра за килограм жива мера. Се намалува сточниот фонд. нешто подзадржуваат субвенциите што ги зедовме, но ситуацијата ќе биде тешка. Скапи се храната, препратите. А никој нема од младите заинтересирано за одгледување овци.Освен тоа, не може да се најде овчар.Последниве години нема млади сточари кои отвориле одгледувалиште. Тешко е, додаваат фармерите.
И додека Македонија се соочува со недостаток на домашно месо и намалување сточниот фонд, граѓаните со душа чекаат да дојде празник за да се омрсат, ама пред месарниците пресметуваат што попрво да купат. Некои земаат само јагнешки дроб, други ќе купат месо, оти, како што велат, еднаш во годината е Велигден.