Фактите се дека 2017 година АД ЕЛЕМ тогаш, денешно АД ЕСМ имаше околу милијарда ипол денари депозити во комерцијалните банки во Македонија, значи околу 25 милиони евра и околу 6 милиони евра на сметка на компанијата, а притоа беше исплатена платата и беа подмирени долговите. Само оваа година, нема да ги споменувам загубите во 2020 и 2021 година кои што вкупно изнесуваат околу 40 милиони евра, а може и повеќе. Само оваа година 2022 која што е позади нас граѓаните, не Владата граѓаните, бидејќи граѓаните го полнат буџетот, а потоа Владата преку буџетот ги троши парите на граѓаните, на АД ЕСМ поранешно АД ЕЛЕМ му префрли повеќе од 200 милиони евра,а мислам дека е дури повеќе од 220 милиони евра ваши пари, народни пари, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за кадровските промени во енергетскиот сектор и тврдењата од страна на премиерот дека ЕСМ заштедило скоро 99 милиони евра и кризата ја претвориле во можност.

Тој додаде дека овие 220 милиони евра кои Владата му ги префрли на ЕСМ отидоа за договори во четири кај инстант компании и тендери во четири очи за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола за кои постојат и основани сомневања за сопственост на хациенди од исплатените провизии.

„Повеќе од 220 милиони евра отидоа за договори во четири очи кај инстант компании кои што увезуваа јаглен, кај компании кои што увезуваа мазут кои што се исто така инстант појавени на пазарот и нормално тендери во четири очи за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола за кои што постојат основани сомневања за сопственост на хациенди на егејското крајбрежје, а кои што се сопственост на високи функционери на СДСМ, а тоа се провизиите кои што се исплатени“, истакна Мицкоски и додаде:

„Тоа се ужасно многу пари. Замислете што ќе се случи низ Македонија ако овие пари завршеа во проекти, но тие за жал завршија во приватни џебови. Така што со овие пораки во јавноста можам да констатирам дека политичарите од владата, вклучително и Димитар Ковачевски, од страна на граѓаните се оценети како лажливци и поради тие невистини кои што ги испраќаат со своите пораки ќе бидат казнети на следните парламентарни и претседателски избори, како сакаат да ги организираат. Ако мислат дури и да ги раздвојат, бидејќи слушам таква намера имале, но и едниот и другиот пат ќе бидат декласирани од страна на граѓаните во Македонија“.