Сите оние кои ја подржуваат независноста на Тајван, Кина ќе ги смета за доживотно виновни и ќе мора кривично да одговараат пред кинескиот правосуден систем.
Ова е првпат Кина да спомене конкретна казна за луѓето кои ја поддржуваат независноста на Тајван, во време кога се зголемуваат тензиите меѓу Кина и самоуправниот остров на кој Кина тврди.
Канцеларијата ги именуваше тајванскиот премиер Су Ценг-чанг, претседателот на парламентот Ју Си-кун и министерот за надворешни работи Џозеф Ву како луѓе кои „тврдоглаво ја поддржуваат независноста на Тајван“, за прв пат јавно објавувајќи список на луѓето кои планира кривично да ги гони.
-Кина ќе ги казни овие луѓе со тоа што нема да им дозволи да влезат во земјата и во административните региони на Хонг Конг и Макао, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.
Лицата на црната листа нема да можат да работат со субјекти или луѓе од Кина, ниту пак компаниите и поединците кои ги основале, ќе можат да профитираат од Кина, најави Пекинг.
Тајванските политичари најмногу се потпираат на донации од компании за финансирање на нивните изборни кампањи. Бројни тајвански компании профитираат од водење бизнис со Кина.