Кина ќе продолжи да ги приспособува своите мерки за контрола на Ковид-19 бидејќи се обидува да го минимизира бројот на инфекции и сериозни случаи, соопштија денеска кинеските власти, еден ден по ненадејните најави за олеснување на нејзината строга политика на нулта толеранција за коронавирусот.
Властите ги објавија потезите, кои беа поздравени од финансиските пазари, и покрај најголемиот пораст на инфекции од крајот на април.
Олеснувањето на мерките во петокот вклучува пократки карантини за патниците во Кина и оние кои биле во близок контакт со заразени лица. Изолацијата е скратена за два дена на вкупно осум, при што првите пет треба да се поминат во централизирана карантинска установа.
Строгите мерки на Кина ја забавија втората по големина економија во светот, ја нарушија индустриската активност и ги налутија граѓаните со целоснозатворање, карантини, чести тестирања и ограничувања за патување.