Кина вчера пријави 57 локално пренесени случаи на Ковид-19 во пет градови, додека се обидува да ја смири епидемијата на коронавирус како дел од нејзината политика на нулта толеранција против „Ковид“. Повеќето случаи – 52 – се пријавени во Сијан, историски град во северозападната провинција Шанкси, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Бројот на заразени во тој град се зголеми на 143 инфекции од почетокот на новиот бран на епидемијата на 9 декември. Сијан денеска ги затвори сите автобуски станици и повеќе од 1.300 јавни објекти и им препорача на речиси 13 милиони жители да не ги напуштаат своите домови доколку не е потребно.