Ванг ова го изјави на прес -конференција, коментирајќи ги неодамнешните забелешки на Џефри Сакс, кој ја предводи Комисијата Лансет за коронавирусот.

Сакс рече дека глобалниот одговор на пандемијата е целосно несоодветен и дека еден од главните геополитички проблеми може да биде неуспехот на САД во соработка со Кина во изнаоѓањето глобални решенија.

Научникот исто така рече дека „САД треба да научат некои добри начини за соработка со Кина, наместо да се обидуваат да ја наметнат својата волја на таа земја“.

Ванг рече дека швајцарскиот епидемиолог Кристијан Алтаус, исто така, изјавил дека Кина правилно реагирала на пандемијата и издејствувала два месеца период за остатокот од светот подобро да се подготви за борба против оваа пандемија.

Тој нагласи дека одговорот на коронавирусот и одредувањето на неговото потекло бараат солидарност, соработка и научен дух.

– Сепак, некои луѓе во САД постојано се обидуваа да ги политизираат напорите на двата фронта за да ја префрлат вината за неуспехот да одговорат на пандемијата на други земји, додаде Ванг.

Според него, „таквото неодговорно однесување не само што скапо го чинеше американскиот народ, туку стана и најголемата пречка во меѓународната соработка во борбата против вирусот и одредувањето на неговото потекло“.

– Се надеваме дека САД ќе го послушаат објективниот и рационален глас на меѓународната заедница, ќе бараат солидарност наместо конфликт, ќе преземат одговорност наместо да ја префрлаат вината, ќе се водат од науката наместо политиката и ќе поддржат меѓународна соработка во борбата против вирусот и пронаоѓање на изворот, истакна Ванг Венбин.