Случаевите на омикрон до сега се пријавени во 57 земји.
Кинеската компанија навела дека неутрализирачките антитела против омикрон биле откриени во 78 проценти од 32 примероци кои завршиле со имунизација со три дози на вакцината месец дена порано, пренесува агенцијата Ројтерс.
Помеѓу 32 испитаници, 16 ја примиле втората и третата доза со разлика од повеќе од четири месеци, и сите имале неутрализирачки антитела на сојот омикрон.
Како што се наведува, нивото на антитела покажа приближно трострук пад во споредба со оние забележени против првокласираниот коронавирус.
Ројтерс наведува дека компанијата не дала додатни детали поврзани за ова истражување, а степенот на заштита на вакцината од инфекција предизвикана со омикрон, развивањето на тежок облик на болест или смрт,останува се уште нејасен.