– Да се менуваме на подобро, менувајќи го лошото, не доброто! Да не се разрешува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, туку да се променат критериумите за рамковна распределба на вработените по рамковниот договор. Административците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, без нивно привилегирање на штета на истиот, пишува Кирацовски.
Тој додава дека „кога веќе силно се залагаат за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваат оној кој најдоследно ги применува“.
– Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби!, порачува Кирацовски.