Атанас Кировски, поранешниот директор на телевизија Телма жестоко реагира по денешната дебата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Тој се осврна на снимањето серии и ги обвини СДСМ за тоа што моментално не се снимаат серии, а даде и „епитети“ за актеулната министерка. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение.

Бисера Костадиновска -Стојчевска, која може да биде министер за култура само во Македонија, во други европски држави не би и дали ни касиерка да работи во бакалница, со таков простотилак, надмено прашуваше зошто не се снимале серии во Македонија-демек филмаџииве направиле некоја дубара. Не! Серии не се снимаат затоа што кога дојде на власт СДСМ го укина буџетот за снимање серии. Едноставно е. Не го намали, го сведе буџетот на 0. „Имало подлабока позадина, ама не било за елаборација“. На што се трошат сега тие пари, никој не знае…., пишува тој на Фејсбук.