Ќе бидат потребни 26 часа помеѓу 10 часот во петок и 12 часот во сабота за целиот свет да ја пречека Новата година.
Прославата започнува во островската држава Самоа, а потоа оди преку Австралија, Азија до Европа, Јужна Америка, источниот брег на САД, Калифорнија, Хаваи и до ненаселените острови Бејкер и островот Хауланд во Пацификот.
Многу големи забави и огномети се откажани во светот, вклучувајќи ги Лондон и Париз.
На други места, прославите се значително намалени, меѓу кои и настаните во Мадрид и Рио, пишува ДПА.
Во Берлин нема да има голем огномет на Бранденбуршката порта и забава со стотици илјади луѓе. Сепак, јавната телевизија ЗДФ планира да понуди шоу со пејачки како Бони Тајлер и Маријана Розенберг.
Во Сиднеј повторно требаше да се одржи огромен огномет со гледачи, но оние кои сакаа да го доживеат во живо мораа да купат билет за една од околу 30-те места за гледање.
Њујорк повторно ќе биде домаќин на традиционалната новогодишна ноќ на Тајмс Сквер, но сите посетители мора да бидат вакцинирани против коронавирусот.