Ова беше констатирано на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот, но и 100 години откривањето и употребата на инсулинот. Паралелно се одржа и предавање за дијабетско стапало кое може да се појави кај дијабетичарите, заради што е потребна едукација на лицата.
Општина Струмица изрази подготвеност да издвои средства во Буџетот за ортопедски помагала за дијабетичарите. Костадинов кажа дека ќе инсистира да се предвиди ваква ставка во буџетските програми со оглед дека во Струмица 100 лица под 18 години се дијабетичари.
Здружението Гликоза од Струмица кој беше организатор на одбележувањето паралелно побара и редовна и навремена терапија за дијабетичарите во земјава.