Но понудите за РЕК не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нуди доволна количина јаглен. Од тие причини, АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, соопшти компанијата, пренесува СДК.
„Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите “, рече Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.
Меѓународниот тендер треба да обезбеди јаглен за потребите на третиот блок на РЕК Битола и на Осломеј. Количините се потребни за да се засили домашното производство на струја за да се стабилизира цената за стопанството. Цените на електричната енергија на регионалните берзи се тројно зголемени и од 56 евра за мегават час пред неколку месеци, сега се движат меѓу 140 и 170 евра и нема најава за намалување.
Стопанските субјекти се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар, а со оглед на енормниот пораст на цените на берзите, стопанството се соочува со опасност од голем ценовен удар.