Лидерите постигнаа согласност по апелот на британскиот еколог Дејвид Атенборо да се покаже „глобална волја” во борба против климатските промени.

Атенборо во своето видео обраќање на Самитот на Г-7 потенцира дека климатските промени се политички и научен предизвик.

– Имаме знаење и вештини да тоа го решиме на време, само ни треба волја на светско ниво, истакна Атенборо.

Претходно западните медиуми објавија дека лидерите на Г-7 се согласија да го зголемат финансирањето и ги повика и другите развиени земји да се приклучат во борбата против климатските промени.

– Ја потврдуваме колективната цел на развиените земји да работат заедно за да обезбедат 100 милијарди долари годишно до 2025 година од јавни и приватни извори, во контекст на суштинско дејствување и транспарентност, се наведува во декларацијата од тридневниот Самит на Г-7 во Корнвол.

Сите земји-членки на Г-7 се обврзаа дека до 2050 година ќе постигнат нула емисии на јаглерод, но според голем број еколози тоа ќе биде предоцна.