Иако изградбата на таа модерна железничка делница, каде возовите би се движеле до 200 километри на час, повеќе пати е најавувана, датумот на почетокот на работите се уште не е познат. Она што е најавено сепак е нејзиниот завршеток – почеток на 2026 година, јави допсиникот на МИА од Белград.
-Последната анализа пред потпишувањето на рамковниот договор за изградба на брзата железница Белград – Ниш – Прешево, изградба на нови делници од пругата во Србија, како и модернизација на постојните. Железничкиот сообраќај е дел од зелената агенда на модерна Европа, но и дел од економијата која забрзано придонесува за раст. Во следните 2 месеци очекуваме големи договори за нашата земја – соопшти претседателот на Србија на својот Инстаграм налог.
Изградба на брзата пруга од Белград до Ниш и Прешево до границата со Северна Македонија, Вучиќ ја најави на крајот на април за време на посетата на Брисел. Како што изјави тогаш, тој проект ќе биде делумно финансиран од европски фондови со најмалку 35 отсто учество, а неговото завршување го најви за почетокот на 2026 година.
-Ни се брза, бидејќи Србија мора да достигне чекор со развиената Европа, а целата нација да ја потсетиме на фактот дека возовите постојат во Србија, дека се почисти и поубави од било кога, и дека пругите ќе ни бидат модерни и побрзи. Да живее Србија – напиша Вучиќ.
Вучиќ недоамна кажа дека со изградбата на таа пруга, Ниш ќе стане апсолутен центар на Југоисточна Европа.