Барањето за 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ е барање за стабилна влада која ќе ја однесе Македонија во правилна насока. Точно е дека може да се постигне со партнери, но кога има слаба влада и владејачко мнозинство тоа се занимава само со мнозинството и при занимавање сами со себе ни се случува да не поминат клучни реформски пакети, дополнително ние сега сме во ситуација 9 граѓани од 10 да мислат дека Македонија оди во погрешна насока, Македонија има раст од само еден процент, рече Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Алсат М телевизија.

Според Клековски силна преференца на ВМРО-ДПМНЕ е коалиција со опозицијата кај Албанците.

„Зошто е ова го сакаме, за да покажеме што можеме наспроти СДСМ и ДУИ. Она што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди е позитивна кампања или занимавање со негативни трендови привршува и сакаме да им понудиме конкретни насоки на граѓаните како раст, владеење на право. Граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не празни ливади со камен темелници. СДСМ и ДУИ и покажаа што можат, и сега наместо да заплашуваат со Русија, а истовремено не им пречи да прават зделки со конзулот на Белорусија во Битола, ниту со црногорски бизнисмен на црната листа на САД. Едно е јасно доста со заплашувања, сите имаме јасна евро-атлантска ориентација“, кажа Клековски.

Клековски напомена дека ДУИ не го почитуваше принципот победник со победник во 2016 година и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема никаква морална обврска да го почитува. Тој се осврна и на идејата на ДУИ за избор на претседател во Собрание.

„Ова не е тема за која треба да се разговара предизборно, бидејќи се бара преструктуирање на моќта. Или да демистифицирам некои работи на оваа тема. ДУИ вели кандидатите биле етнички и се занемарувал гласот на Албанците, морам да кажам дека не е избран претседател досега во Македонија без етнички Албанец. За да станете претседател во мнозински систем мора да се обратите на сите. ДУИ е исплашен дека ќе се избере претседател на кој ДУИ ќе нема влијание затоа има вакви идеи“, заклучи Клековски.