Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа вели дека изјавите на владата дека е посветена 24/7 на уставните измени се само за дефокусирање на јавноста од корупциските скандали, како и дека тие се посветени само на договорот со Бехтел и Енка и на слични такви договори.

24/7 се посветени на договорот со Бехтел и Енка и на слични договори, а уставните измени се тука само за дефокусирање на јавноста кога ќе излезат корупциски скандали на површина. И оттука мислам дека уставните измени се само некоја димна завеса за да не гледаме што друго се прави, рече Клековски.

Клековски додаде дека уставните измени зависат од политичката волја на партиите, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат.

Уставните измени не зависат од административните подготовки, туку од политичката волја. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под овие услови, изјави тој.

Во однос на одлуката на Стејт Департметот за ставање на црната листа на градоначалникот на општина Струга од ДУИ Рамиз Мерко, вели дека ова е голема осуда и дека сега зависи од македонските институции што понатаму ќе преземат.

Црните листи се само патоказ. Ова е чекор во добра насока, а што ќе се случува понатаму зависи од нас. претпоставувам дека САД чим ставила одредено лице на црната листа има доволно докази, бидејќи ова е прилично голема осуда и сега прашање е дали нашите органи и институции ќе бидат поттикнати нешто да направат или не, нагласи тој.

На прашањето дали ова ќе го вклучи алармот на институциите или Мерко ќе остане недопирлив, Клековски посочи дека со вака поставено правосудство како сега ќе има храброст да преземе нешто, укажувајќи дека ДУИ се недопирливи и не казниви.

Ние знаеме дека ДУИ, а не Мерко се недопирливи и не казниви, од пајакот што ја удри полицајката, значи од банални до покомплицирани случаи. Така што не верувам дека правосудството како што е поставено сега ќе има храброст да преземе нешто, објасни Клековски.