Аналитичарот Сотир Костов во гостување во емисијата Само вистина  рече дека црната листа на САД нема да сопре на последните промени.

-Стејт Департментот имаше извештај за трговија со бело робје, таму се вели дека Владата не ги искористила ресурсите за да спроведува активности, надлежните не ги работеле предметите, граничната полиција замижувала. Значи се спомнуваат институции кои не се борат со бело робје и не се сведува само на мигранти. Нам многу ни кажуваат дека не сме ја завршиле работата во борба против корупцијата, рече Костов.

Според него, проширувањето на црната листа ќе продолжи.

-Освен Рамиз Мерко, односно по него листата ќе се прошири. На почетокот американската амбасадорка најави дека тука биле истражители за корупција и криминал и оти ќе имало листа на лица, кажа Костов.

Тој се осврна на темата и уставни измени.

-Рамката за преговори е изменета на Црна Гора, Србија, значи рамките за преговори се менуваат, професорот Мицкоски на родендот на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасен и кажа ја затворам темата промени на Уставот под бугарски диктат. Тој прати многу јасна порака. Ако Берлин, Париз беа убедени ќе дојдеа на Преспа форумот и ќе лобираа за промена на Уставот. Ние ја имаме поддршката од сите само Бугарија со зла намера ни го прави ова, посочи Костов.