Една година напредок во Општата болница ОхридПо покана на директорот Горан Марковски, ја посетив . Општата болница Охрид и се уверив во позитивните промени што се случуваат таму. Еве што се постигна за една година!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

-Финансиска стабилност
Пред една година, болницата се соочуваше со долг од 170 милиони денари, над третина од годишниот буџет, наследен од претходното раководство за време на пандемијата. Со домаќинско работење и поддршка од Фонд за здравствено осигурување на Македонија, долгот е намален на 117 милиони денари. Паралелно, започна и обнова на опремата – првпат по повеќе од една деценија!

-Гинекологија: Раст и модернизација
Гинеколошкиот оддел бележи импресивни резултати со 530 породувања во изминатата година – двојно повеќе од пред неколку години! Новиот ехо-апарат, кој го замени 12-годишниот стар, е чекор напред. Дополнително, од милионите евра купени и неискористени апарати, апарат за анестезиологија вреден 100.000 евра, неискористен во ОБ Струга, сега е пренесен и функционален во Охрид.

-Под раководство на Тони Чифлигароски, одделот за радиологија доби нов ехо-апарат – првпат по 12 години. Сепак, предизвиците остануваат: рентгенот е сè уште аналоген, а компјутерската томографија од 2013 година, со над 60.000 снимања, бара замена.

-Педијатрија: Подобрена услуга
Со четири доктори и работа во две смени, педијатрискиот оддел сега нуди подобра и подостапна грижа за најмладите.

-Патологија: Брза дијагностика за онкологија
На крај, но не најмалку важно, под водство на Габриела Соколовска Маловчева, одделот за патологија доби нова опрема, што значително го зголемува капацитетот за онколошка дијагностика. Во време кога бројот на онколошки заболувања расте, брзите наоди (готови за само 7 дена) можат да спасат животи.

-Предизвици и идни цели
Работата на одделот за уво, грло и нос е еден од приоритетите за подобрување. Приоритет е и потребата млади доктори и медицински сестри. Сепак, верувам дека со посветеност, овие предизвици ќе се надминат еден по еден.

-Охрид и Струга: Здравствен центар на иднината!
Езерскиот регион, со своите 7 здравствени установи, има потенцијал да стане еден од најдобрите здравствени центри во земјата. Заедно, Охрид и Струга можат да обезбедат врвна здравствена заштита за регионот и пошироко! , пишува Клековски во својата објава.