Оваа војна мора да биде запрена. Ако не биде запрена во Украина, тогаш таа ќе се прошири понатаму. Не смее да се заборави дека оваа војна, може да предизвика и Трета светска војна. Ова во ексклузивно интервју за Канал 5 го изјави Владимир Кличко, еден од челниците на Украинските територијални одбранбени сили и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
-Руската агресија и инвазија врз Украина продолжува и влегува во интензивна фаза на активности и борби на југот и истокот на земјата, како и во регионот Донбас. Исто така борби има и во Мариупол. Сè уште се чека на коридор за цивилите и повредените да го напуштат градот, но тоа сè уште е под знак прашалник дали ќе се случи. Причината е што досега повеќепати ништо не беше сигурно што доаѓа од руската страна – потенцираше Кличко.
Тој смета и дека по завршувањето на војната со нивна победа, Украина ќе се трансформирала во една од водечките земји во Европа.
-Од географски аспект ние сме најголема европска земја, со многу природни ресурси. Порта кон светот преку Црното море. Повеќе од сигурен сум дека се има почеток и крај и така оваа војна ќе дојде до својот крај со наша победа и со одбрана на нашиот територијален интегритет и без друга војска на нашата територија и посебно без „руска чизма” – заклучи Кличко.