Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше преку својот канал на Телеграм и рече дека руските сили се многу блиску до градот и дека Киев го чека тешка ноќ.
-Без претерување, заканата за Киев е многу голема. Ни претстои тешка ноќ и тешко утро. Руските војници се многу блиску до градот. Диверзантските групи ја неутрализираат армијата и другите безбедносни служби. Мостовите во градот се под специјални контрола и војнички патроли.
Болниците работат во воен режим, а контролните пунктови се поставени на главните влезови во градот и во близина на стратешките објекти во градот. Сето ова го правиме за да го заштитиме Киев.Им благодарам на граѓаните за подготвеноста да го бранат градот и државата, рече Кличко за Си-Ен-Ен.
Си-Ен-Ен претходно објави дека американските разузнавачи стравуваат дека Киев за неколку дена ќе падне под руска контрола.