Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Манчестер сити немаше да ја освои Премиер лигата доколку се соочеше со исто толку повреди како неговиот тим.
– Оваа сезона не бевме во можност да се бориме за шампионската титула поради изобилството на повреди. Воопшто немавме шанси. Колку и да изгледаше Манчестер сити силен, немаше да станат шампиони без нивните три главни играчи од средниот ред. Ако тројцата играчи од средниот ред на Манчестер јунајтед беа повредени, „црвените ѓаволи“ исто така ќе беа подоле на табелата, изјави Клоп за „Би-Би-Си“.
На едно коло пред крајот на англискиот шампионат, Ливерпул се наоѓа на четвртото место во поредокот и доколку ја зачува оваа позиција ќе се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.